Пелистер демонстрираше убедлива игра против ГРК Охрид во дербито за второто место оваа сезона. Битолчани одиграа феноменален натпревар потсетувајќи ги охриѓани дека разликата во искуство и во квалитет голема.
Тие после завршување на натпреварот направија заедничко фото со „Чкембар“, а пораката е повеќе од јасна. ГРК Охрид е призејмен пред најважниот меч оваа сезона, а тоа е финалето против Татања.
Што се однесува до Пелистер за да остане втор и притоа да избори место во Европската лига ќе мора да го победи Алкалоид во последното коло од плеј-офот.










