Две различни прослави на титула во само седум дена. ФК Вардар после победата над Струга ја имаше првата – помала прослава на титулата, но истата беше осудена од сите можни релевантни институции, јавни личности и секако народот. Извршниот директор, Миленко Неделковски сподели поразително видео кое е пример како не треба да се прославува титула, а како не треба да се претставува еден бренд како Вардар.
Силекс вчера го освои Купот на Македонија, од таборот на тимот од Кратово споделија видео-запис од прославата и воедно му покажаа на својот ривал како се слави еден ваков момент. Македонски песни и одлична атмосфера, Силекс е пример за младите генерации, достојно треба да се слави секој успех, еуфоријата никогаш не треба да биде изговор за несоодветни прослави.










