Билетите за македонските навивачи за дуелот со Босна се пуштени во продажба

37

Македонската фудбалска репрезентација на 29 мај ќе го одигра првиот од двата планирани тест мечеви во рамките од претстојниот репрезенаттивен термин.

Во него покрај гостувањето во Босна, ќе го одработиме и дуелот против Турција исто така на гостински терен, во Истанбул на 1 јуни.

Претходно секако, заминуваме во Сараево, каде што ќе не дочека секогаш пријателската Босна. Оваа репрезентација е дел од претстојниот Мундијал, а ние сме спаринг партнерот со кој босанците ќе ја темпираат формата.

Па така, од ФФМ предмалку објавија дека се пуштени во продажба билетите за македонските навивачи кои што ќе присуствуваат на овој меч. Истиот се игра на стадионот Асим Ферхатовиќ Хасе со почеток од 20:30 часот.

ПретходноДа го имаш Васоски, а да носиш „Гаучос“ за многу пари…
СледноЉупче Иванов со солзи во очите: Ова е КУП освоен за сите генерации од моето семејство