Уф, каков фантастичен меч на Георг Стојановски за Спартак Варна, за тимот каде што е тренер легендарниот Ѓоко Хаџиевски, инаку негов дедо. Имено попладнево во меч од последното коло во плеј – аутот во бугарската елитна лига, македонскиот напаѓач постигна хет – трик и сам го победи тимот на Локо Софија.
Георг погоди прво во 8.минут, па во 30. и на крај во 62.минута за конечни 3:0.
Па така со оваа победа, тимот на Георг и Ѓоко успеа да се избори за директен опстанок, и се по вина на Стојановски.
Хаџиевски и дефинитивно мора да биде горд на својот внук од ќерка, со оглед на тоа дека на последните два меча Георг блескаше со 4 постигнати голови и две победи по негова заслуга. Сосема доволно за директен опстанок.
Да кажеме дека Георг сезоната ја завршува со 8 голови.










