Фудбалерот на Арсими, Суби Мустафа изрази задоволство по обезбедувањето на опстанокот во Првата фудбалска лига, потенцирајќи дека тоа била главната цел на тимот оваа сезона. За затворање на сезоната Арсими го пречекува поранешниот шампион Струга Трим Лум.
“Многу сме среќни што математички го обезбедивме опстанокот. Тоа беше нашата главна цел и верувам дека сосема заслужено го остваривме со работа, жртва и единство во текот на целата сезона”, изјави Мустафа.
Тој упати благодарност до сите кои придонеле за овој успех, почнувајќи од соиграчите и стручниот штаб, па се до навивачите.
“Голема благодарност до соиграчите, стручниот штаб и нашите навивачи кои ни даваа поддршка во секој момент”, додаде тој.
Зборувајќи за претстојниот натпревар против Струга Трим Лум, Мустафа истакна дека истиот ќе има празничен карактер за клубот.
“Овој натпревар ќе биде ден на прослава за нас. Ќе излеземе на теренот со максимална мотивација и почит кон противникот, но пред се сакаме да го споделиме овој момент со нашите навивачи”, рече тој.















