ВМФЛ: Брегалница спрема прволигашка фешта, Скопје и Шкендија (А) по заверка на баражот!

84
ФОТО:facebook.com/fkbregalnicaofficial

Попладнево од 16:30 часот се играат сите осум средби од последното 30.коло во ВМФЛ. Фудбалски Штип се спрема за славје, за фешта, за официјализирање на првото место и директен пласман во елитата. Ривал е очајната Победа и јасно е дека ни во сон никој не помислува на некој друг резултат освен победа на тимот на Влатко Костов. Во фудбалот чудата се можни, но попладнево нема да има никаквбо чудо, само прашање е со колкава гол – разлика ќе слави домашниот тим. А по мечот се знае, Штип ќе “гори“, фановите се спремни за фешта, тоа секако дека фудбалерите на Брегалница и тренерот Костов во целост го заслужуваат тоа.

За пласман во баражот или за тоа второ и трето место најблиску се Скопје и Шкендија Арачиново, а Охрид ќе чека некој кикс на овие две екипи.

Скопје има 68 бода и е втор, Шкендија (А) има 66 и е трета, а Охрид е со 65 бода и е четврти, познато е дека вториот и третиот играат бараж за пласман во елитата.

Скопје игра дома со Детонит и со бод го заверува второто место со оглед на тоа дека има подобар скор од тимот од Арачиново. Шкендија (А) игра на гости кај Саса и мора да победи ако сака да игра бараж, може и со реми, но тогаш Охрид против Слога (В) не смее да победи, може и со пораз, но тогаш Охрид мора да загуби дома од виничани, што секако дека тоа би било рамно на чудо.

Во случај на ист број бодови, Шкендија (А) има подобар меѓусебен скор.

Во секој случај попладнево ќе биде супер интересно на овие четири меча.

ДВОЈКИ ЗА 30.КОЛО – ДЕНЕСКА 16:30 Ч

Брегалница – Победа

Скопје – Детонит

Саса – Шкендија (А)

Новаци – Осогово

Охрид – Слога (В)

Преспа – Беласица

Тетекс – Г.Коњари

Вардар (Н) – Кожув

ТАБЕЛА

Брегалница 68, Скопје 68, Шкендија (А) 66, Охрид 65…

ПретходноПоследна битка на ТФТ и Пелистер за „бронзата“
СледноРафа Бенитез го напушти Панатинаикос