Радомље и Југослав Тренчовски официјално се разделија

66

Иако изминатата сезона за тимот на Радомље од Словенија и македонскиот тренер Југослав Тренчовски беа и повеќе од успешни, сепак, искусниот стратег си заминува од овој клуб.

И официјално предмалку, НК Радомље се збогува со Тренчовски, напоменувајќи дека под негово водство, клубот ја забележа една од најуспешните сезони.

Дали е во прашање преселба на Тренчовски во уште поголем клуб останува да видиме.

Тој пак досега собрано сериозно искуство како во домашниот шампионат, каде што беше дел од Хоризонт Турново, Кожуф, Беласица, Академија Пандев, беше и селектор на У19 репрезентацијата на Македонија, за да потоа замине на Блискиот исток и биде дел од екипите на Ал Араби, Ал Оробах, Шеик Русел, Ража Казабланка, Казма, и последно да биде дел од словенечкиот прволигаш.

 

ПретходноПелистер го совлада ТФТ во „мајсторката“ и официјално сезонава е трет
СледноМексико со добар тест против Гана пред стартот на Мундијалот (ВИДЕО)