Тажна вест за спортска, посебно одбојкарска Македонија. На 66 години почина легендарниот одбојкар Владимир Ѓорчески, еден од нашите најдобри одбојкари во историјата и татко на нашата тенисерка Лина Ѓорческа. Вест која ја потресе Македонија.
Ѓорчески својата кариера ја почна во своето Тетово, во тимот на Југохром, потоа кариерата го носеше во Работнички и Вардар.
Ѓорчески својата блескава кариера ја продолжи во Барселона (Шпанија) и во Арис (Грција), за да на крај повторно играше за Вардар и Југохром.
Беше дел од репрезентацијата на Југославија со 48 настапи а беше и прв капитен на секцијата на Македонија по нејзиното осамостојување.










