Селекторот на македонската сениорска репрезентација, Жозеп Марија Берокал, го одреди конечниот ростер од 12 кошаркари кои ќе настапат на вечерашниот натпревар против Кипар, во рамките на втората фаза од претквалификациите за Европското првенство во 2029 година.
Во составот на Македонија се наоѓаат и Ненад Димитријевиќ и Мозес Рајт, кои им се приклучија на репрезентативните колеги во завршницата од подготовките за овој дуел.
Конечниот состав на Македонија:
- Ненад Димитријевиќ
- Виктор Ташовски
- Виктор Ефремовски
- Војдан Стојановски
- Лука Стојановски
- Адем Мекиќ
- Стојан Ѓуроски
- Резарт Мемед
- Тома Стојаноски
- Андреј Маслинко
- Дамјан Робев
- Мозес Рајт
Селектор: Жозеп Марија Берокал
Натпреварот Македонија – Кипар се игра вечерва, со почеток од 18:00 часот, во салата „Лазар Лечиќ“ во Скопје. Директниот пренос е на МРТ 1.










