Злато за Филип Блажевски во Луксембург!

36

МТФ продолжува да продуцира врвни олимписки таеквондисти. Македонскиот сениорски репрезентативец Филип Блажевски (-80 кг, ТК Бутел) го освои златниот медал на престижниот Г1 турнир „LUX OPEN 2026“ во Луксембург, остварувајќи четири убедливи победи против натпреварувачи од Норвешка (2:0), Велика Британија (2:0), Германија (2:0) и Грција (2:1 во финалето).No description available.

Блажевски, кој минатата година освои европска бронза во У21 конкуренција, уште еднаш потврди дека е една од најголемите македонски олимписки надежи. Овој најнов успех е резултат на континуираната, професионална и посветена работа на Македонската Таеквондо Федерација (МТФ), предводена од Д-р Борче Костовски, која во континуитет создава спортисти со врвни светски резултати. Федерацијата уште еднаш потврдува дека македонското таеквондо е еден од најуспешните спортови во државата, подготвен за нови големи меѓународни и олимписки достигнувања.

ПретходноЕмоции и “last dance“ : Пеп за последен пат на “Етихад“ како тренер на Сити!(ВИДЕО)
СледноПелистер – Шкендија (А) и Брера – Скопје се баражите за пополнување на ПМФЛ!