Пелистер – Шкендија (А) и Брера – Скопје се баражите за пополнување на ПМФЛ!

253
ФОТО:facebook.com/FC.PelisterBitola

И дефинитивно, Пелистер – Шкендија (А) и Брера – Скопје се баражите за пополнување на ПМФЛ за следната сезона откако попладнево битолчани на свој терен го победија Башкими со 1:0, со што завршија како осми на табелата. Брера дома славеше убедливо со Шкупи со 6:0. И Пелистер и Брера завршија со по 40 бода, но битолчани имаат подобар меѓусебен скор, па затоа струмичани се деветти.

Победничкиот гол во Битола беше дело на Србијанац уште во првото полувреме, и тоа во 24.минута. Претходно Ристовски стрелаше, но ВАР му го поништи поради офсајд. Во продолжение битолчани рутински го чуваа водството, а имаа и неколку закани за 2:0. Сепак на крајот беше 1:0.

Во Струмица очекувано, Брера со убедлива победа од 6:0 успеа да го победи Шкупи. Чаирчани уриваат рекорди, завршија на последното место со само еден бод и со 130 примени голови.

ПретходноЗлато за Филип Блажевски во Луксембург!
СледноГРК Охрид со минимална победа на првата финална пресметка со Татабања