И натаму нема херој што ќе го сопре МЗТ Скопје (ФОТО)

82

МЗТ Скопје продолжи да доминира во мак-баскетот. Тимот од Аеродром ја оправда улогата на фаворит против Маџари, во финалната серија славеше со максимални 3-0 и го подигна 13. шампионски пехар.

„Сино-белите“ од сезоната 2018/19 се на врвот, само во две финални серии имаат пораз, сите останати ги добија со максимални 3-0.

МЗТ Скопје во домашниот шампионат буквално царуваше оваа сезона, го освои Купот на Македонија и Супер-Купот. Единствена празнина остана настапот во АБА2-лига, каде не стигна ниту до плеј-офот.

 

ПретходноИванковиќ: Охрид е наша тврдина, ќе ја оствариме целта
СледноТалевски со национален рекорд на Европското првенство во куглање (У19)