Младиот македонски куглар, Владимир Талевски, се враќа со нов национален рекорд од Европското првенство во куглање за играчи до 19 години, кое заврши во Австрија. Талевски успеа да собори 634 дрва во натпреварите на првенството, го освои петтото место и обезбеди финале.
Македонија на ова ЕП беше преставена со двајца натпреварувачи. Покрај Талевски настап и и Емилија Илијевска.
Илијевска со 572 соборени дрва оствари личен рекорд и пласман на 19. место. Во игра на двојки нашите натпреварувачи дојдоа до четвртфинале, а Емилија во натпреварите во спринт успеа да дојде до четвртфиналето и малку недостасуваше (за 4 дрва) да обезбеди и медал.










