МЗТ Скопје е на победа до освојување на нова шампионска титула во домашниот шампионат. Актуелниот првак води со 2-0 во финалната серија против Маџари, третата средба се игра денеска (19 часот) во салата „Н.Н.Борче“.
Пред овој дуел дебитантот во прволигашкото друштво и најпријатното изненадување доби „честитка“ од КФСМ после најчудниот меч во последно време кога станува збор за финалните пресметки.
Во СЦ „Јане Сандански“ видовме судиско шоу со серија на технички и исклучувачки грешки. Повеќето беа на сметка на Маџари, кој во самиот финиш остана без тренери. Миодрај Тодоровиќ главниот тренер мораше да ја напушти клупата, а веднаш после него исклучувачка доби и помошникот на Тасевски.
Паричната казна која Маџари треба да ја плати за втората средба е накаде околку 118.000 денари. Тасевски има забрана за вршење на должност на два натпревари, стои во најновиот билтен.











