Иванковиќ: Охрид е наша тврдина, ќе ја оствариме целта

146
фото: ГРК Охрид (FB)

По денешниот триумф на првиот натпревар со Татабања од финалето на ЕХФ Европскиот куп, охриѓани веднаш почнаа да размислуваат и за реваншот. Сепак, задоволството од триумфот беше забележливо на лицата на сите ракометари.

„Задоволни сме што победивме, иако во еден момент имавме плус од шест гола. Следниот меч е во Охрид, тоа е наша тврдина. Но сигурно дека ќе биде тежок меч исто како денес. Уживав во оваа сала, исто и целиот тим. Финалињата се уживање, ќе се бориме да го освоиме трофејот во реваншот. Татабања има врвни играчи и би кажал дека се во светска класа. Ние бевме мотивирани, имавме желба да не загубиме. Се надевам дека истото ќе го направиме во Охрид и ќе ја оствариме целта“, изјави Анте Иванковиќ, кој денеска покажа вистинска класа на мечот во Унгарија.

ПретходноВојна на улиците на Торино, еден навивач сериозно повреден, ќе има ли фудбал? (ВИДЕО)
СледноИ натаму нема херој што ќе го сопре МЗТ Скопје (ФОТО)