Откако Силекс го освои Купот на Македонија, сега веќе и дефинитивно се знае дека кратовци и Шкендија ќе играат во 1.квалификациско коло во Лигата на Конференции. Струга ТЛ чекаше “подарок“ од Шкендија, ама не го доби, па така и втора сезона по ред стружани останаа без Европа.
Шкендија со оглед на коефициентот (10.875) ќе биде носител на ждрепката, додека Силекс (2.000) ќе биде во групата на неносители.
Токму затоа тетовци ќе добијат релативно лесен противник кој не би требало да биде проблем да се мине, додека Силекс може да добие навистина силен противник како на пример Астана, Балкани, Нефчи Баку, Жалгирис, но може да го добие и Сараево на Велкоски, Ристовски и Елези. Тоа е тим каде што пред извесно време тренер беше Александар Васоски, сегашниот стратег на Силекс.
Ова се сите можни противници на Шкендија и Силекс:
Да се потсетиме, ждрепката за 1. и 2.квалификациско коло во Лигата на Конференции е на 16 и 17 јуни, а мечевите од воведното коло се закажани за 9 и 16 јули.










