Сефте и за Работнички како клуб кој ја напушта елитата во Македонија и како трофеен клуб кој оди во понизок ранг, во групата на второлигашите. Жално е кога се случуваат вакви моменти, посебно за екипа која во изминатите две децении имаше титули. Имаат успешни европски настапи, имаа рекордни трансфери – имаа клуб кој беше среден, скоцкан и клуб кој имаше и мир и спокој и милина за работа.
Но, дојдоа „спасителите“, “„милионерите“‚ “гигантите“… Дојдоа и „потонаа“!!!
Од нај, нај, нај… со инвеститори кои прво лажно се преставуваа, инвеститори кои немаа врска од фудбал, од менаџмент и од идеа како да се води клуб во Македонија. Инвеститори кои со локални „шалабајзери“ стигнаа до дното, добија на „поклон“ настап на евро-сцената а таму им се склучи „хендикеп“ по кој се распаднаа…
И ете денеска 25 мај 2026 година – Работнички е второлигаш!
Ќе играме бараж, Башкими ќе го казнат!
Откако стана јасно дека им нема спас и дека сите битки на зелениот терен се загубени, во Работнички долго во пролетта сонуваа бајки и споменуваа ветувања. Имало најава дека на Башкими ќе му биле одземени 30 бода за ланскиот скандал со Кожуф и местенката кога двата клуба беа второлигаши. Поголема глупост во нашиот мак-фудбал со децении не е слушната, но жално и бедно е тоа што некои веруваа во такви сценарија.
Ете и да го казнат Башкими!!!
Работнички за жал не успеа да биде ниту пред Македонија ЃП на табелата.
Од мизерија во мизерија, од глупост во глупост. Битно и есенскиот последен меч со Силекс, но и овој денешниот со Тиквеш завршија максимално со полна мрежа.
Барем за крај да има клубот добра статистика на примени голови. Есента тоа беше за „зимница“, сега за „летување“ и толку е …
Нема повеќе, од утре – Втора лига. Крах на клубот, „распад“ на младата репрезентација… Тимот што победува оди заедно… Така и од Работнички по ланската сезона заминаа во младата репрезентација на чело со Горан Станиќ.
Не е тајна дека многу млади репрезентативци правеа трансфер токму во Работнички за да бидат во фокусот и да бидат на списокот на репрезентациојата до 21 година. „Добрата“ селекција во клубот се рефлектираше и во настапите на „надежите“‚ кои имаат активен квалификациските циклуси кој е еден од најслабите од историјата на нашата репрезентација (подобри се само од Ерменија).
А некогаш игравме на ЕП, бевме конкурентни и се боревме за највисок пласман. Како клубот така и репрезентацијата.
Толку е капацитетот!















