Ракометарите на ГРК Охрид славеа на гости кај Будванска Ривиера со 20:22 (8:13) во меч од 2.коло во Регионалната лига. Ова беше нивна втора победа откако на стартот на свој терен ја пбедија Војводина.
Уште на стартот Лиапис погоди за 0:1, но не беше се така лесно за тимот на Борис Ројевиќ, кој искрено комбинираше составот на теренот. Сепак гостите од Охрид имаа разлика која на крајот од првото полувреме изнесуваше +5 или 8:13. Немаше многу голови во овој период од играта.
Така беше и во второто полувреме кога се виде дека домашните го даваат максимумот да дојдат до што подобар резултат. Намалија и на -1, 16:17, но сепак на крајот поквалитетниот тим дојде до заслужена победа од 20:22.
Лиапис со 5 голови беше најефикасен кај нашиот тим, Ивановски, Иванковиќ и Ѓукиќ запишаа по 3 голови.










