Миодраг Тодоровиќ: “Честитки за МЗТ на титулата, а Маџари само што почна, најдоброто допрва следи!“

64
ФОТО:.facebook.com/kkmadzari

Маџари иако дебитант во нашата елитна кошаркарска лига, имаше речиси совршена сезона. Велиме речиси со оглед на тоа дека сензационално дојде до финалната битка за титулата, но сепак на успеа да го изненади МЗТ Скопје, тим кој и натаму е неприкосновен во мак-кошарката.

Миодраг Тодоровиќ, стратегот на Маџари попладнево на социјалните мрежи на КК Маџари посочи најдоброто од Маџари допрва следува:

Вчерашниот натпревар беше доказ дека на секој натпревар даваме 100% од нашите можности и се бориме до крај, им честитам на МЗТ за освоената титула.

За сезоната можам само да им се заблагодарам на сите поврзани со клубот, пред сѐ играчите, стручниот штаб, навивачите, управата и сите вклучени луѓе. Почнавме со скор 0-4, но не се откажавме, трениравме напорно од ден во ден, а потоа се смени сезоната и врзавме победи.

Влеговме во плејоф каде што никој не ни даваше шанси ни за влез во топ 4, а ние го направивме токму тоа. Потоа следуваше пресметката против фаворизираната екипа на ТФТ, која имаше маестрална сезона, но и тука докажавме кои сме и од каков карактер сме составени.

Во финалето, по повредата на Џавон, дадовме максимум, секој играч го даде сѐ што имаше за овој клуб и затоа сум им благодарен до максимум.

Маџари само што почна, најдоброто допрва следи!“

Претходно„Националите“ го одработеа првиот тренинг пред дуелите со Босна и Турција
СледноШампионот и официјално го претстави новиот тренер: Добредојде Фабиани!(ВИДЕО)