Огнен Стефановски со нов државен рекорд во десетобој

37

Македонскиот атлетичар Огнен Стефановски испиша нова страница во македонската атлетика, поставувајќи нов национален рекорд во дисциплината десетобој на националното првенство на Словенија во Марибор.

По два исклучително напорни и квалитетни натпреварувачки дена, исполнети со настапи во десет дисциплини, Огнен освои вкупно 7189 бодови, со што го подобри досегашниот македонски рекорд за дури 541 бод.

Остварениот резултат според официјалната светска атлетска таблица вреди 1001 поен, што претставува историски успех. Со овој резултат, Огнен се вбројува меѓу најуспешните македонски атлетичари во историјата на повеќебојот и најавува сериозна конкурентност на претстојните меѓународни натпреварувања.

Веќе следниот викенд македонскиот репрезентативец ќе настапи на Европското првенство за мали земји, додека на 20 јуни го очекува и настап на Балканското првенство за сениори, каде ќе биде во конкуренција за освојување на медал.

Македонската спортска јавност со голем интерес ќе ги следи неговите следни настапи и понатамошен развој на оваа исклучително успешна спортска приказна.

ПретходноПознати патниците на Мундијалот под знамето на Шпанија
СледноОсмото издание на најголемиот настан во планинско трчање во Македонија успешно заврши