Кадетскиот репрезентативец на Македонија, Андреј Георгиев и официјално е нов играч на тимот на Е.Пелистер 2. Младиот ракометар потпиша тригодишна соработка со клубот, каде што очигледно планира дополнително да се развива и да чека шанса во сениорска конкуренција.
Тој игра на позицијата десно крило, и е изразит голгетер, доминирајќи на речири секој натпревар на кој што настапи. Инаку се работи за роден битолчанец од кој клубот очигледно планира да прави икона со многу настапи оставајќи силен белег во зелениот дрес.
View this post on Instagram










