И официјално. Вардар ги продолжи договорите со Дарко Велковски и Бобан Николов, двајцата актуелни репрезентативци на Македонија.
Со Велковски е потпишано до 30.06.2027, значи на уште една година.
Додека со Николов е потпишано до 30.06.2029 година.
Секако дека ова е убава вест за сите во Вардар, како и за фановите на шампионот со оглед на тоа дека станува збор за двајца клучни играчои во тимот на новиот стратег Кристијан Фабиани.
Оваа вест уште утринава ја потврди, односно ја објави ФК Вардар, клуб кој оваа сезона која вчера заврши по 12-ти пат стана шампион на Македонија.















