Оклахома е на победа до враќање во финалето (ВИДЕО)

74
ФОТО:.facebook.com/okcthunder/

Оклахома е на една победа од враќање во финалето на НБА. Во петтиот натпревар од финалето на Западната конференција, Тандерс ги победија Сан Антонио со 127-114 и поведоа со 3-2 во серијата. До клучната победа ги предводеше МВП-то на регуларната сезона, Шаи Гилџус-Александар, со 32 поени, додека Алекс Карусо повторно даде силен придонес од клупата, постигнувајќи 22 поени.

Актуелните шампиони имаа корист и од неочекуваниот придонес на Џаред Мекејн, кој го започна натпреварот за прв пат во плејофот поради отсуството на Вилијамс и Мичел, и се истакна со 20 поени. Чет Холмгрен исто така постигна двоцифрен број поени со 16 поени и 11 скока,.

Стефон Касл беше најефикасен за поразените Спарс со 24 поени, додека Виктор Вембањама имаше 20 поени.

ПретходноХориха нема да биде на крунисувањето на Вардар
СледноЕХФ парично ја казни Хрватска за инцидентите на Европското првенство