Герсон Родригез дојде на прегледи и потпис со Вардар

402

Шампионот на Македонија, екипата на Вардар, денеска и официјално го објави пристигнувањето на новото засилување за следната сезона. Станува збор за Герсон Родригез Кореа Леал, кој во Скопје доаѓа од Тајланд каде ја помина сезоната во дресот на Канханабури. Претходно го носеше дресот на Динамо Киев, а е репрезентативец на селекцијата на Луксембург.

Родригез сега треба да ги помине лекарските прегледи пред да стави потпис на договорот со „црвено-црните“.

ПретходноЃорчепетровки го добија шампионскиот пехар (ФОТО)
СледноЕ. Пелистер го доби дербито со Алкалоид за второ место на крај на сезоната