По завршувањето на денешниот дуел меѓу Е. Пелистер и Алкалоид, навивачите на битолскиот тим, популарните „Чкембари“ громогласно во салата побараа од своите најдобри ракометари, Филип Кузмановски и Дејан Манасков да останат во „зелено-белиот“ тим и следната сезона.
Пелистерци денеска им се заблагодарија на четвртица ракометари од годинешниот состав кои го напуштаат тимот: Домен Тајник, Илија Абутовиќ, Усама Хосни и Богдан Радивојевиќ.










