Шампионот на Македонија, екипата на Вардар, денеска и официјално го објави пристигнувањето на новото засилување за следната сезона. Станува збор за Герсон Родригез Кореа Леал, кој во Скопје доаѓа од Тајланд каде ја помина сезоната во дресот на Канханабури. Претходно го носеше дресот на Динамо Киев, а е репрезентативец на селекцијата на Луксембург.
Родригез сега треба да ги помине лекарските прегледи пред да стави потпис на договорот со „црвено-црните“.















