Сараево заинтересиран за Омерагиќ

417

Според пишувањата на дел од медиумите во Босна и Херцеговина, најдобриот стрелец во составот на шампионот Вардар, Азер Омерагиќ, би можел да се пресели во редовите Сараево.

Тимот каде минатата сезона веќе настапуваа двајца македонски интернационалци, Елези и Ристовски, би можел да добие уште едно засилување од нашата земја. Сараевчани се надеваат дека до договор може да дојде.

ПретходноЕ. Пелистер го доби дербито со Алкалоид за второ место на крај на сезоната
СледноНа само 8 години: Најмалиот син на Меси стана шампион, најдобар стрелец и најкорисен играч!(ВИДЕО)