Новак Ѓоковиќ и на овој гренслем, на Ролан Гарос, нема да дојде до својот 25-ти трофеј. За тоа е виновен младиот Бразилец Жоао Фонсека кој успеа по пет часовен – маратон и вистинска драма во меч од 3.коло да го победи најдобриот тенисер во историјата со 3:2.
Србинот може да жали зоштио имаше водство од 2:0 во сетови, во четвртиот имаше одлична шанса да го добие мечот, но Бразилецот едноставно имаше повеќе сила и затоа на крајот со пресврт успеа да се пласира во осминафиналето.
Новак првите два сета ги доби со по 6:4, во третиот Фонсека покажа дека и тоа како не се шегува, па тој сет го доби со 6:3 во гемови. Во четвртиот и петтиот сет вистинска битка, неверојатно беа и двајцата, сепак помладиот, само 20-годишен Бразилец знаеше како треба и на крајот заслужено триумфираше.










