Над 500 деца ја почувствуваа магијата на „Денот на спортот“ во Тетово (ФОТОГАЛЕРИЈА)

47

Тетово беше домаќин на „Денот на спортот“, единаесеттиот град во рамките на Плазма Спортските игри за млади, настан кој повторно донесе одлична атмосфера, насмевки и незаборавни моменти.

На градскиот плоштад, повеќе од 500 дечиња имаа можност да ја почувствуваат вистинската магија на една од најголемите аматерски спортски платформи во Европа. Плазма Спортските игри за млади оваа година одбележуваат значаен јубилеј, 30 години постоење, со јасна мисија: бесплатен и достапен спорт за секое дете.

„Симовци“ се натпреваруваа во повеќе дисциплини: Coca Cola Cup 2011, мал фудбал 2015, одбојка, баскет 3х3, народна 2015 и 2017, како и атлетика, покажувајќи спортски дух, фер-плеј и голема енергија.

Посебна тежина на настанот му даде присуството на бројни спортски легенди, кои оставиле силен белег во спортот. Агим Ибраими, заедно со Ќатип Османи, Хабиј Ајети, Ивица Хаџиилјоски – Чајка, Стојмир Урошевиќ, Борче Јовановски, Плумб Вела, Берат Имери и Ибрахим Османи, во придружба на младите спортисти и маскотата Виктор, го означија свечениот почеток на Игрите со носење на Пламенот на пријателството.

Престедателката на Плазма Спортските игри за млади, Елена Мицковска и претседателот на Општинскиот сојуз на училишен спорт на Тетово, Бујар Ибраими, им посакаа успех на младите спортисти потенцирајќи ја важноста на спортот и неговата моќ: толеранција, фер-плеј и создавање на пријателства.

„Се радувам што Плазма Спортските игри за млади пристигнаа во Тетово. Сакам да упатам искрена благодарност до градот Тетово, до претседателот на Општинскиот сојуз на училишен спорт, мојот колега Бујар Ибраими, како и до сите спортските работници и нашите драги колеги и колешки.

Драги деца, дружете се, негувајте фер-плеј, еднаквост и толеранција, тоа се вистинските вредности на спортот.

Сето ова е овозможено благодарение на нашите спонзори – Пивара, Плазма, Шпаркасе Банка и под покровителство на Министерството за спорт, Владата на Република Македонија и премиерот Христијан Мицкоски.

Уживајте, дружете се и се гледаме на крајот на јуни на завршницата од Државното првенство, а најдобрите, вкупно 204 ученици, ќе имаат можност да настапат на големото меѓународно финале во Сплит“, порача Елена Мицкоска.

Бујар Ибраими, претседателот на Општинскиот сојуз на училишен спорт им посака успешни игри на дечињата поздравувајќи го овој голем настан, кој за првпат оваа година се одржува во Македонија.

Плазма Спортските игри за млади кон крајот на овој месец ќе ги добие сите патници за Сплит каде од 17 до 22 август ќе се одржи големото финале.  

ИГРИТЕ СЕ ЗАКОН!

ПретходноОдбојкарските репрезентации до 20 години ќе одат на Зонски квалификации во Софија и Сараево
СледноНеверојатниот „Вемби“ го собори рекордот на легендарниот Мутомбо