За Венгер нема дилеми кој ќе биде новиот светски шампион

242

Легендарниот француски тренер Арсен Венгер е убеден дека Дидие Дешан има доволно искуство за да го пронајде идеалниот баланс во нападот на француската репрезентација и да ги предводи „триколорите“ до титулата на Светското првенство во 2026 година.

Поранешниот менаџер на Арсенал зборуваше за „Ле Фигаро“ за огромниот квалитет што Франција моментално го поседува во офанзивниот дел од тимот, но предупреди дека премногу напаѓачки ориентирани играчи би можеле да претставуваат и одреден проблем.

„Франција има толку многу талент. Дидие Дешан има искуство и ќе го пронајде вистинскиот баланс“, рече Венгер .

„Имаме многу офанзивни играчи и постои опасност да ја изгубиме рамнотежата во играта. Сепак, денешните модерни фудбалери, дури и напаѓачките, знаат како да го завршат својот дел од дефанзивната работа “, објасни Венгер.

„Франција ќе го освои Светското првенство“, рече Венгер.

ПретходноМечот Англија – Костарика засега е одложен
СледноИнфантино околу спорниот судија од Сомалија: Ние не сме семоќни