Одбојкарките поразени и од Шпанија

24
ФОТО:.facebook.com/volleyballmkd

Трет пораз за женската репрезентација на Македонија во третиот натпревар од Европската лига 2026, откако со 0:3 (11:25, 6:25, 15:25) загуби од Шпанија на отворањето на вториот турнир во Аликанте.

Македонските одбојкарки немаа решение за играта на мрежата на противникот, кој делуваше доминантно, особено во вториот сет кога застанавме на скромни шест поени.

Во последниот сет понудивме попристоен отпор до средината на сетот, 13:15, а потоа повторно Шпанија стапи на сцена и рутински го заокружи натпреварот.

Милевска и Терзиевска постигнаа по четири поени.

Македонија ќе мора брзо да ги консолидира редовите затоа што утре во 18:30 ќе се соочи со Азербејџан.

ПретходноОфицијално: Барселона покренува судска постапка против Перез!
СледноКатастрофа: На мечот Англија – Хрватска трибините нема да бидат исполнети?!