Есмир Хасукиќ е новиот напаѓач на Силекс

209

Освојувачот на Купот на Македонија, тимот на Силекс во следниот период ќе биде посилен за босанскиот интернационалец Есмир Хасукиќ. Досегашниот играч на екипата на ГОШК Габела, доаѓа во Кратово како засилување за Европа.

Во моментов кратовци се на стартот на подготвките, и се во екот на подготвување на екипата за она што следува летово.

Веќе се договорени Нихад Шеро како и некогашниот македонски У21 репрезентативец Никола Богдановски.

Хасукиќ интересно е што во изминатата сезона постигна 13 гола во второлигашката конкуренција на Босна.

Има играно и за екипите на Борац Бања Лука односно Радник Бјелина.

 

ПретходноЛеонида Гроздановска: Коњичкиот спорт е место каде што жените и мажите се еднакви!
СледноДенеска на Мундијалот: Цел Балкан навива за БиХ, Џеко и другарите ќе играат пред 30.000 свои фанови во Торонто!