Наместо дечиња, Босанците ги „водат“ Италијанците за рака – за да ја почувствуваат мундијалската атмосфера

557

И натаму во центарот на вниманието на стартот на Светското првенство е репрезентацијата на Босна и Херцеговина. Оваа селекција одигра нерешено (1-1) против Канада на првиот меч на Мундијалот. Босанците имаат неверојатно огромна поддршка на Светското првенство.

На овој Мунидјал, БиХ се пласираше откако ја елиминира Италија, па на социјалните мрежи и натаму фановите им фаќаат сеир. Се појави интересна фотографија која секако е фотомонтажа, на истата Босанците наместо мали дечиња на теренот излегуваат со фудбалерите на Италија за да можат да ја почувствуваат мундијалската атмосфера.

ПретходноНекогашен помошник на Симеоне во Атлетико Мадрид, во стручниот штаб на Вардар!
СледноМбапе: “Среќен сум за ПСЖ! Веднаш потпишувам Франција да биде светски првак, а јас да не бидам стрелец на СП!“