Аргентинецот Густаво Лопез (53), е нов асистент или помошник на стратегот на Вардар, Кристијан Фабиани. Интересно е тоа што споменатиот Лопез е некогашен помошник на Диего Симеоне во Атлетико Мадрид. Информациите велат дека Лопез е веќе во Норчиа, во кампот на шампионот.
Значи најавите се остварија, а тие беа дека Фабиани ќе си донесе помошник од неговата Аргентина.
Кога сме кај Густаво Лопез, да кажеме дека тој е некогашен фудбалер на Индипендиенте, Сарагоза, Селта и Кадиз, а дресот на Аргентина го носел на 32 меча и бил дел од селекцијата на „Гаучосите“ на СП 2002 година. Како тренер, и тоа како помошник работел само во Атлетико Мадрид кај славниот Диего Симеоне.















