Ракометарите на Фухсе Берлин се пласираа во финалето на Лигата на шампионите, откако во денешното прво полуфинале на Ф4 турнирот, славеа над двократниот европски шампион Магдебург со 40:35.
Овој триумф на „лисиците“ во „Ланскес Арена“ во Келн беше одмазда за поразот во финалето од минатата сезона.
Во крајно неизвесен меч, кој донесе голема драма во последните 15 минути до дуелот, сепак, подобар финиш имаа момците од Берлин. Во тој период блескаше најдобриот ракометар во светот, Матијас Гидсел, а свој удел одигра и српскиот голман Милосављев со неколку одлични интервенции.
Милосављев заврши со вкупно шест одбрани, па дури и успеа да се запише во листата на стрелци, додека Гидсел со девет и Тим Фрајхофер со еден гол помалку беа најзаслужни за славјето на Фухсе Берлин.
На ова прво полуфинале вредно е да се издвои и новиот рекорд на посетеност на Ф4 турнирите. Имено дуелот меѓу германските ривали во „Ланксес Арена“ го следеа рекордни 20.122 гледачи.
Барселона и Алборг ќе играат во второто полуфинале вечерва во 18 часот.










