Цветковиќ стана најскап играч на Вардар, ама Вардар не го задржа

538

Актуелниот македонски фудбалски шампион, екипата на Вардар веќе се подготвува за она што летово претстои, а тоа е секако настапот во квалификациите за Лигата на Шампионите. „Црвено – црните“ се веќе на подготовки, и тоа во Норчиа, Италија, каде што базично ќе темпира форма во следните недели.

Од друга страна пак се работи на пополнување на ростерот односно на испразнетите места. Едно од нив му припаѓаше на еден од најдобрите поединци на тимот во изминатата полусезона, а тоа е српскиот интернационалец Стефан Цветковиќ кој што имаше одлична голгетерска серија и погоди дури девет пати.

Сосема логично, по одчниот учинок и статистика, да се крене неговата вредност, а „специјалистот“ за тоа, веб стајтот „Трансфермаркт“ вели дека сега Цветковиќ вреди 600.000 евра. Најмногу од сите играчи на Вардар, иако тој за жал повеќе не е дел од тимот. Неговиот договор заврши, и тој замина летово како слободен играч. Упростено, Вардар дозволи својот највреден играч не само да не го задржи во своите редови, туку и да го пушти да си оди бесплатно, со оглед на завршениот договор. Следен по вредност во таборот на Вардар со исто така зголемена вредност летово е капитенот Азер Омерагиќ со 500.000 евра на својот профил.

Фетаи е највредниот домашен играч во ПМФЛ

Што се однесува пак до домашните играчи односно севкупно гледано, највреден играч во ПМФЛ шампионатот е репрезентативецот на Македонија и член на Шкендија, Имран Фетаи кој што е проценет на 700.000 евра.

 

ПретходноМакедонија со два порази во ракомет на плажа
СледноОдбојкарите продолжија победнички: Исланд „решен“ во три сета, Грција е следен предизвик