Утре Вардар го дознава својот противник во првото коло од квалификациите за Лигата на Шампионите

250

Утре во Нион, Швајцарија, со почеток од 16:00 часот, актуелниот македонски фудбалски шампион, екипата на Вардар ќе го дознае својот противник за првото коло од квалификациите за Лигата на Шампионите ова лето.

Односно, утре изутрина, околу 08:30 часот од страна на УЕФА ќе биде објавен и скратениот список, односно групите на противници, потенцијални ривали на Вардар, што е вообичаена продецура кога е во прашање ваков тим па ждрепка во изминатите години.

Од она што е пак дефинитивно познато е дека првите мечеви се играат од 7/8 јули, односно реваншите се една недела подоцна односно на 14/15 јули. Секако, деталите и точните сатници се дефинираат со самата ждрепка.

Во среда пак, ќе биде одржана и ждрепката за второто коло односно ќе бидат познати и можните противници при евентуална победа во првото коло.

Што се однесува пак до нашите преостанати претставници во Европа ова лето, Шкендија и Силекс, ждрепката за квалификациите во Лигата на Конференции е утре во 18:00, а УЕФА работи и тука по истиот принцип па деталите ќе бидат познати утре наутро.

ПретходноИ младата кошаркарска репрезентација од денеска во погон
СледноЛемос е првото летно засилување за Шкендија Арачиново