Србите се пофалија: Раул и Партизан ќе играат во Лигата на шампиони

190

Додека ја чекаме официјалниот список од ЕХФ за тимови кои аплицирале за следната сезона во Лигата на шампиони, а таму треба да биде и Вардар, од Србија дојде информација дека еден нивни тим добил покана за да учествува во ова натпреварување.

Станува збор за Партизан каде тренер е поранешниот македонски селектор, Раул Гоназлес. Шпанецот веќе цела година гради состав токму за Лигата на шампиони, Партизан потпиша бројни имиња, меѓу нив е Илија Абутовиќ.

ЕХФ овие денови треба да го соопшти прво списокот на апликанти, а набрзо и да потврди на кого ќе му даде специјална покана, Македонија веќе нема сигурно место во Лигата на шампиони. Во новата сезона бројот на екипи ќе изнесува 24 наместо претходно 16.

ПретходноШпанија мора да го забрза ритамот, Уругвај ме воодушеви
СледноШкендија се раздели и со Нигериецот Алхасан