Бразилскиот дефанзивен играч за врска, Рафаел де Фреитас Силва е ново засилување за екипата на Шкендија. Станува збор за 26-годишен фудбалер кој во Тетово доаѓа од екипата на Тирана од Албанија.
Во минатата сезона Рафаел одигра 32 меча во албанскиот шампионат на кои постигна и 4 гола. Пред трансферот во Тирана, тој настапуваше во Португалија каде го носеше дресот на екипатана Лешоеш.















