Македонија доминира на Европското училишно првенство во Баскет 3х3. Нашите незапирливи момци остварија уште еден гигантски триумф овојпат го совалдаа домаќинот Србија. Во супердраматичен и неизвесен натпревар, македонските кошаркари покажаа карактер, ладнокрвност и огромно срце, славејќи против силниот српски состав со 17:16!
Дамјан Данев, Григориј Ѓорѓевиќ, Дамјан Стојановски и Филип Алексовски продолжуваат да ја воодушевуваат публиката со својата борбеност и перфектна тимска игра. Нема време за одмор бидејќи веќе попладнево нашите херои ги очекува нов голем предизвик – четвртфинален дуел против селекцијата на Хрватска 1. Претходно Македонија славеше против Молдавија, Хрватска 1 и Хрватска 3 и Црна Гора.










