Миленкоски пред последниот турнир: Досега планираното е остварено, одиме на победи и во Приштина

36
фото: CEV.eu

Машката одбојкарска репрезентација им аполовичен успех по првите четири настапи во Европската лига 2026. Две победи и исто толку порази, се чини дека и беа некој мпланиран минимум за селекторот Јошко Миленкоски и неговите избраници, кој и самите го истакна апред одигрувањето на првите два меча на турнирот во Струмица.

Пред нашите одбојкари викендов се уште две нови средби, со кои ќе заврши годинешното издание на ова силно европско натпреварување.

„Засега го изполнивме она што и го претпоставивме на почетокот, иако мора да потенцираме дека не сме во најдобриот состав и со целиот потенцијал поради отсуството на Љафтов. Победите над Луксембург и Исланд беа планирани, се обидувме да изненадиме со некој од големите фаворити Холандија и Грција, бевме блиску особено против Грците во Глифада, но не успеавме. Сигурно не сме разочарани. Јас сум задоволен од тоа како изгледа репрезентацијата и како влеговме во овие средби. Сега не очекуваат уште два меча со Косово и Израел. Очекувам најмалку една победа, но секако ќе се обидеме да завршиме и чекор подалеку од планираното“, искатнува селекторот Миленкоски.

Нашите момци утре заминуваат за Приштина, каде в петок и в сабота ги очекуваат уште два меча со Косово и Израел. Косово засега е без победа по четири одиграни меча, додека Израелците имаат максимален скор од четири победи и се предводници на табелата со Холандија, Естонија, Финска и Данска.

ПретходноПретседателката Сиљановска-Давкова им оддаде признание на младите ракометари и ракометарки!
СледноРБ Лајпциг го смени тренерот, доаѓа Демикелис