Македонија со 13 одбојкари на третиот турнир во Косово

35
фото: CEV.eu

Со 13 репрезентативци во составот селекторот Јошко Миленкоски одлучи машката сениорска репрезентација да отпатува во Приштина, на последниот, трет турнир за Македонија, во годинешното издание од Европската лига.

Во последниот пресек селекторот Миленкоски одлучи дома да останат младите Лука Ристоски, Ване Арапов, како и Јован Милев, додека од претходно е познато дека за целиот циклус надвор од комбинација е и повредениот Александар Љафтов.

Македонија од денеска е стационирана во косовскиот главен град, додека настапот на третиот турнир го стартува в петок, кога се соочува со домаќинот Косово, од 20 часот, а последниот натпревар во Европската лига 2026 го игра в сабота, во истиот термин, против Израел.

ПретходноОд Конго открија: Немавме план за Роналдо, знаеме дека не е истиот…
СледноУапсен поранешниот претседател на ФФМ Илчо Ѓорѓиоски?