Македонија – учесник на „Rising Stars“ турнирот во Букурешт

48

Кошаркарската федерација на Македонија ја прифати поканата која стигна на наша адреса испратена од страна на Романската национална федерација која ќе го организира „Rising Stars“ турнир под покровителство на „Мастеркард“, а кој опфаќа учество на селекции „Под 17“ години од четири балкански држави.

Покрај организатороѕ Романија, и нашите две национални селекции, на овој собир во главниот романски град ќе бидат и У17 селекциите на Грција и на Бугарија.

Според програмата, предвидено е одигрување на по два натпревари (во обете конкуренции) во периодот од 19. до 21. јуни, кои ќе бидат реализирани во салата „Рапид Поливалента“ во Букурешт.

Согласно со тоа, во текот на денот, двете наши селекции ги одработија и првите тренинзи кои се дел од мини-подготовките за учество на овој балкански собир во Букурешт.

Селекторите Дејан Стојановски и Виктор Петровски определија по 15.кошаркари и кошаркарки кои ќе бидат дел од мини-циклусот по кој ќе бидат формирани и дефинитивните ростери за патувањето во Романија кое е предвидено за 18. јуни.

СПИСОК НА ПОВИКАНИ ИГРАЧИ

МАКЕДОНИЈА У17 – МАЖИ

Давид Рајковски – Вардар – Скопје

Војдан Чадиновски – Вардар – Скопје

Филип Ѓорѓиевски – Вардар – Скопје

Јосиф Џолев – Вардар – Скопје

Павел Ѓиноски – Шпанија

Александар Сотир – Шпанија

Александар Котевски – ФМП

Михаил Анѓеловски – Водно санс – Скопје

Никола Стевков – Водно санс – Скопје

Виктор Вегов – Водно санс – Скопје

Војдан Стаменковски – Водно санс – Скопје

Илија Коневски – Цедевита – Загреб

Лука Ласо – МЗТ Скопје Аеродром

Лука Јангелов – Феникс 2010 – Скопје

Данило Филипче – Феникс 2010 – Скопје

 

МАКЕДОНИЈА У17 – ЖЕНИ

Јана Пислевска – Вардар – Скопје

Теа Трајковска – Вардар – Скопје

Мила Начевска – Вардар – Скопје

Марија Димитровска – Вардар – Скопје

Вања Милосављевиќ – МЗТ Бела вода – Скопје

Ана Сарафилоска – МЗТ Бела вода – Скопје

Нина Карајанова – МЗТ Бела вода – Скопје

Глорија Груевска – Крива Паланка

Ива Колева – Тим Арена – Штип

Сиандра Зиба – Струга 2009

Кјара Анастасова – Бадел 1862 – Скопје

Дарија Панкова – Бадел 1862 – Скопје

Душица Мицева – Пробаскет – Кавадарци

Сара Митановска – Спорт Тим – Неготино

Анабела Ѓиновска – Шпанија

ПретходноПознат е епилогот од скандалот во Грција: Џонс и Нан „дебело“ ќе платат, но тоа не е сè…
СледноНе е виновен само Роналдо, Англија покажа сила, шлаканици треба за дефанзивците на Хрватска