Дарко Илиески со трансфер во Силекс!

168

Иксуство и квалитет во одбраната на Силекс. Тоа треба да го донесе Дарко Илиески (30) во тимот на Александар Васоски. Илиевски е најновото засилување за кратовци, секако звучно име во мак – фудбалот. Илиески е некогашен младински репрезентативец на Македонија, а во својата досегашна кариера играше за екипите на Металург, 11 Октомври, Победа, Тиквеш, Борец, Шкупи, Пелистер, Струга ТЛ, има интернационална кариера во Албанија, Ерменија, Иран а во Кратово доаѓа од Охрид каде беше дел во изминатата сезона.

Силекс нема намера премногу да менува со тимот. Јасно е дека ќе мора да се најде замена за Пиреш, веројатно и за Додев, но исто така клубот работи на ангажман на нови имиња.

Едно од тие е токму Илиески.

Да се потсетиме дека Силекс во 1.квалификациско коло во Лигата на Конференции се среќава со Динамо Минск.

ПретходноВидео на денот: Средно училиште во Киншаса и “експлозија“ по голот! (ВИДЕО)
СледноИ натаму без наши клубови: АБА лигата се прошири на 20 екипи, Цибона се врати а ќе игра и Слован од Словачка