После убедливиот пораз од Романија и катастрофалната игра, македонската женска кошаркарска репрезентација денеска дојде до победа против Романија Yellow, поточно вториот тим на земјата домаќин на турнирот „Rising Stars“.
„Црвено-жолтите“ славеа со убедливи 93-26, за издвојување е последната четвртина во која далеку помладиот состав на Романија успеа да запише само еден (1) поен.
Македонија го намали бројот на грешки, сосема логично кога против себе имаше слаб противник, оваа средба ја заврши со 9 девет заагубени топки.
Шанса добија сите кошаркарки, а прв стрелец беше Милосављевиќ со 13 поени и 6 скока, по 11 поени имаа Трајковска и Колева.










