Трет Македонец би можел да го облече дресот на Наполи!

218
фото. fiba.basketball

Македонскиот репрезентативец, Андреј Јакимовски е атрактивен за бројни тимови ова лето. После успешната епизода во дресот на Тренто, тој би можел да остане во Италија.

Тамошните медиуми пишуваат дека Јакимовски има добра понуда од Наполи, тим каде што тренер е Јасмин Репеша и во следната сезона ќе се натпреварува во ФИБА Еврокупот. Тој е на мета и на Валенсија, тимот за кого настапуваше Ненад Димитријевиќ.

Јакимовски во Серија А имаше просек од 9,3 поени по натпревар, 4,6 скока и 1,1 асистенција, додека во Еврокупот постигна 10,8 поени и 6,1 скока за 24,4 минути.

Доколку Андреј се одлучи за Наполи, тој ќе стане третиот Македонец кој заиграл за овој спортски бренд после Елиф Елмас и Горан Пандев. Триот кое настапувало за еден голем тим сме имале и во минатото, во Барселона беа Кирил Лазаров, Владо Илиевски и Бабунски.

ПретходноСензационално: “Почнете да верувате, САД можат да станат светски шампиони!“
СледноХоландија со показна вежба како се игра на Мундијал, а Германија како и секогаш победува на свој начин