Интересно: Силекс и Шкендија реваншите од 1.коло во ЛК ќе ги играат во ист ден во Скопје, од 20 часот!

190

Додека цел фудбалски свет е „залуден“ по настаните од тековното СП, во мак – фудбалот се бројат деновите до стартот на настапите на нашите клубови во воведните кола во квалификациите за Лигата на Шампионите и Лигата на Конференции.

Уште пред неколку дена се знаат термините за тоа кога игра Вардар против КуПС, а еве нешто што досега ретко им се случувало на нашите клубови и нивниот настап во Европа.

Барем според официјалниот сајт на УЕФА.

Имено Силекс и Шкендија своите реванши против Динамо Минск и Европа ќе ги играат во ист ден (16 јули), и тоа во Скопје и тоа од 20 часот. Само локацијата ќе биде различна. Кратовци таа вечер од 20 часот ќе го пречекаат Динамо Минск на ФФМ, додека Шкендија исто од 20 часот ќе игра со Европа од Гибралтар на Арената “Тодор Проески“. Значи некој ако сака во живо да ги следи настапите на нашите претставници во ЛК нема да може да го стори тоа.

Инаку Силекс првиот меч со тимот од Белорусија ќе го игра во Стара Загора (Бугарија) на неутрален терен на 9 јули од 19 часот, додека Шкендија првиот меч со Европа го игра на Гибралтар исто на 9 јули, но со почеток од 19.30 часот.

ПретходноШкендија Арачиново се пофали и со Андреј Аризанкоски!(ВИДЕО)
СледноОфицијално: Тиквеш го промовираше Попзлатанов!(ФОТО)