КуПС ја доби “голеадата“ со Илвес!

84
ФОТО:.facebook.com/KuPS1923/

Попладнево во меч од 12.коло во елитната лига на Финска, составот на КуПС успеа да слави со 4:3 против тимот на Илвес. Меч кој за нас не би требало да има никакво значење, ама се знае дека токму овој тим од Финска е противникот на Вардар во 1.квалификациско коло во Лигата на Шампионите, тогаш работите се менуваат.

Интересни, КуПС имаше водство од 4:1, но сепак дозволи гостите за малку да дојдат и до бод.

Стрелци на головите за КуПС беа Гасц, Армах, Енгвал и Пенанен, сите во првото полувреме. Со оваа победа противникот на Вардар и натаму е лидер на табелата во Финска.

Да споменеме дека првиот меч од двомечот со нашиот шампион се игра на 7 јули во Скопје, додека реваншот се игра за седум дена во Финска.

ПретходноОфицијално: Тиквеш го промовираше Попзлатанов!(ФОТО)
СледноШкендија го потврди трансферот на Вебстер во Романија! (ФОТО)