Шкендија го потврди трансферот на Вебстер во Романија! (ФОТО)

196
ФОТО:facebook.com/fcshkendija

И официјално, Вебстер Роналдо кариерата ќе ја продолжи во Романија. Уште еден играч на Шкендија кој што следната сезона нема да биде дел од составот на новиот стратег Артим Положани.

Имено Шкендија попладнево официјално објавуви дека постигнала договор со романскиот клуб Универзитатеа Крајова за трансфер на јамајканскиот фудбалер, Роналдо Вебстер.
По преговорите меѓу двата клуба, од клубот велат дека е постигнат договор за отштета на играчот, кој сега ќе ја продолжи кариерата во романското првенство в дресот на Универзитатеа Крајова.
Вебстер се приклучи на Шкендија во летото 2024 година кога дојде од Брегалница е Штип и беше важен дел од тимот што ја освои шампионската титула во сезоната 2024/25, како и придонес во историското европско патување на “црвено – црните“, кое кулминираше со пласман во 1/16 финалето во Лигата на Конференции.

ПретходноКуПС ја доби “голеадата“ со Илвес!
СледноМладинците успешно го одработија првиот дел од подготовките, следуваат контролите