Попладнево во меч од 12.коло во елитната лига на Финска, составот на КуПС успеа да слави со 4:3 против тимот на Илвес. Меч кој за нас не би требало да има никакво значење, ама се знае дека токму овој тим од Финска е противникот на Вардар во 1.квалификациско коло во Лигата на Шампионите, тогаш работите се менуваат.
Интересни, КуПС имаше водство од 4:1, но сепак дозволи гостите за малку да дојдат и до бод.
Стрелци на головите за КуПС беа Гасц, Армах, Енгвал и Пенанен, сите во првото полувреме. Со оваа победа противникот на Вардар и натаму е лидер на табелата во Финска.
Да споменеме дека првиот меч од двомечот со нашиот шампион се игра на 7 јули во Скопје, додека реваншот се игра за седум дена во Финска.










